Дома Фудбал Најпосакуваниот напаѓач во Европа одлучил каде ќе игра следната сезона!?

Најпосакуваниот напаѓач во Европа одлучил каде ќе игра следната сезона!?

Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш е најпосакуван е играч во Европа во овој момент. Неверојатниот стрелец на Спортинг доби бројни понуди, а тој реши да ја продолжи кариерата во Арсенал.

Швеѓанецот Виктор Ѓокереш ќе стане нов член на лондонскиот клуб. Неговите претставници во претходниот период воделе преговори со сите заинтересирани страни и одлуката е донесена.

„Претставниците на Виктор Ѓокереш се импресионирани од преговорите со Арсенал. Тие се пресреќни со она што го слушнале откако клубот потврди дека искрено го посакува овој фудбалер“, велат англиските медиуми.

Во дресот на Спортинг оваа сезона, Ѓокереш има брилијантни настапи. Одиграл 43 натпревари и има учинок од 43 голови и 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франк се врати во Премиер лигата: Го презеде Палас и веднаш доби битка за опстанок

Девет месеци по отказот во Тотенхем, Томас Франк има нов предизвик. Кристал Палас е послед…