
Новак Ѓоковиќ реши јавно да се огласи на социјалните мрежи поради хаосот на Австралија опен. Српскиот играч по завршувањето на натпреварот со Јиржи Лехечка одби да зборува на теренот, односно не сакаше да даде интервју со Џим Куриер. Веднаш објасни дека причината за тоа беше водителот Тони Џонс кој пред камерите ги навредуваше него и неговите навивачи.
Новак детално говореше за тоа на конференција за медиуми, а за да биде сигурен дека тоа ќе допре до сите, реши да се огласи и на социјалните мрежи. На своите официјални профили испрати видео порака и објасни зошто го направи тоа.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Кога тоа го објави на Твитер, веднаш се огласи и најбогатиот човек на светот, Илон Маск. И тој го поддржа Новак.
„Подобро е да се обратиш директно на народот, отколку да поминуваш низ негативниот филтер на медиумите“, му напиша Маск, инаку сопственик на споменатата социјална мрежа.
It’s way better just to talk to the public directly than go through the negativity filter of legacy media https://t.co/QYDJXWAC5r
— Elon Musk (@elonmusk) January 19, 2025