Манчестер Јунајтед вчера на свој терен го совлада Тотенхем со резултат 2:1 во натпревар од 15. коло во Премиер лигата.
Двоен стрелец за „црвените ѓаволи“ беше Маркус Рашфорд, додека единствениот гол за Тотенхем го постигна Деле Али.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
После натпреварот Мурињо зборуваше за „Би-Би-Си Спорт“.
„Беше убаво, пристојно, баш и како што очекував“, прокоментира Мурињо за пречекот на „Олд Трафорд“.
„Ова беше чекор назад во борба со екипа која има иста цел како и ние. Екипа која се обидува да се искачи на табелата и да дојде до топ 6. Мораме да продолжиме. Направивме некои грешки, но не е добро да се жалиме за нив. Имаме тежок натпревар во сабота (Барнли)“.
„Второто полувреме го започнавме со гол кој е невозможно да се прими. Не бевме внимателни, спиевме при уфрлување на топката од аут и дозволивме Рашфрод да нападне. Кога тој ќе влезе во казнетиот простор веќе е тешко да го чувате, одигра паметно и чекаше контакт. Во првото тие почнаа повеќе агресивно и заслужија да имаат предност, може дури и од 2:0, но потоа ние ја превземавме контролата…Голот на почтокот на второто полувреме му даде шанса на Јунајтед да игра на начинот на кој играше“, објасни Мурињо по поразот.