Дома Останати Кошарка НБА Mилвоки после 18 години победи во плејоф серија, Харден и друштвото ќе почекаат за славје (ВИДЕО)

Mилвоки после 18 години победи во плејоф серија, Харден и друштвото ќе почекаат за славје (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милвоки Бакс изминатата ноќ славеа против Детроит Пистонси со 127:104 и така се пласираа во конференциското полуфинале после победата од 4:0.

Бакси ги „збришаа“ пистонси во оваа серија и после 18 години успеаа од една плејоф серија да излезат како победници. Милвоки вчера одигра одличен натпревар и без поголеми проблеми дојде до победата, иако играа на гости.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Гостинскиот тим го наметна своето темпо на игра од самиот почеток, но Детроит добро се држеше и на полувремето имаше водство од 62:56, но тоа не успеаа да го сочуваат во продолжение од натпреварот.

Бакси одиграа одлично второ полувреме во кое тотално ги разбија Пистонси во еден момент имаа и повеќе од 30 поени разлика.

Фантастичен натпревар одигра Антетокумпо кој натпреварот го заврши со 41 поен, девет скокови, три асистенции, четири блокади и една украдена топка.
Кај Пистонси Џексон уфрли 26 поени, Грифин додаде 22.

https://youtu.be/hhEqmQIhgiM

До победа во серијата не успеа да дојде Хјустон кој изненадувачки претрпе пораз од Јута со 107:91. Јута со оваа победа намали на 3:1, но невозможно изгледа да им направат пресврт во серијата, се очекува Рокетси веќе во наредниот натпревар да ја завршат работата.

Кај Јута најефикасен беше Мичел со 31 поен. Во редовите на Хјустон Џејмс Харден постигна 30 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…