Дома Останати Тенис Музети го „налути“ Ѓоковиќ, па го почувствува гневот на Србинот

Музети го „налути“ Ѓоковиќ, па го почувствува гневот на Србинот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами, откако ноќеска го победи 16. играч на АТП листата, Италијанецот Лоренцо Музети, со 6:2, 6:2 по два сета.

Петтиот тенисер во светот победи по еден час и 23 минути.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во првиот гем на првиот сет Италијанецот му го одзеде сервисот на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер од третиот гем освои шест гема по ред, со три брејка, и стигна до предност.

Ѓоковиќ во вториот гем на вториот сет ја искористи втората брејк топка, а со сигурен сервис во следниот гем поведе со 3:0. До седмиот гем играчите беа сигурни на својот сервис, кога Ѓоковиќ го искористи првиот меч поен на сервис на Музети.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против 25. тенисер на светот, Американецот Себастијан Корда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вакво финале не се памети: Швјотенка ја прегази Анисимова во финалето на Вимблдон!

Полската тенисерка Ига Швјонтек (ВТА:8) го освои својот прв трофеј на Вимблдон на импресив…