
Тотенхем минува низ една од своите најслаби сезони во поновата историја, моментално се наоѓа на 15. позиција во Премиер лигата. Во домашните купови беа елиминирани веќе во раните фази, додека единствената преостаната шанса за освојување трофеј им останува Лига Европа. Таму стигнаа до четвртфиналето, каде со ждрепка беа споени со германскиот Ајнтрахт.
Првиот натпревар, одигран во Англија, заврши без победник, со резултат 1:1, па одлуката за пласманот ќе падне задутре во реваншот во Франкфурт. Дури и во случај Спарс да стигнат до трофејот, што многумина сметаат дека е малку веројатно, сезоната и понатаму ќе се смета како една од најлошите во поновата ера на клубот.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Иако е познато дека тренерот Анге Постекоглу не е причина за ваквата состојба, јасно е дека и тој носи значителен дел од одговорноста. Италијански портал пишува дека Постекоглу е близу до излезната врата на клубот и дека раководството на Тотенхем веќе размислува за потенцијални замени.
Според истиот извор, главната мета за преземање на кормилото е Жозе Мурињо, на кој ова би му било враќање во клубот. Наводно, Тотенхем внимателно ја следи ситуацијата во Фенербахче, каде Мурињо моментално ја води екипата, а во случај на негово заминување, лондонскиот клуб планира сериозно да почне преговори.
Фото: Фенербахче/ФБ