Дома Фудбал Мурињо по победата во дербито: Не ме интересира дали победивме заслужено или не

Мурињо по победата во дербито: Не ме интересира дали победивме заслужено или не

Како што не се откажува од својот стил на игра, исто така не се откажува и од изјавите кои креваат „прашина“.

По завршувањето на дербито на „Олд Трафорд“ Мурињо истакнаа дека воопшто не го интересира што луѓето зборуваат.

„Апсолутно не ме интересира што ќе кажат другите. Исто така не ми е гајле дали сме победиле заслужено или. Воопшто не ме интересира“, изјави Португалецот и продолжи:

„Натпреварот беше поделен во две полувремиња, едното беше наше, другото нивно. Но, нашето беше со погодоци и возбудувања. Ние го контролиравме натпреварот и искористивме некои слабости. Во второто полувреме не сакавме да се повлечеме, но Ливерпул нас не притискаше, но добро се браневме“, изјави Мурињо.

Да потсетиме, Јунајтед го победи Ливерпул со 2:1, двата гола за „ѓаволите“ беа дело на Маркус Рашфорд, додека Ливерпул ја намали предноста на противникот со автоголот на Ерик Бејли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…