Дома Фудбал Мурињо го навреди Фенербахче. Турскиот клуб возврати на изјавата

Мурињо го навреди Фенербахче. Турскиот клуб возврати на изјавата

НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА каде што беше претставен како нов тренер на Бенфика, Жозе Мурињо направи осврт на својата работа во претходниот клуб, Фенербахче. “Направив грешка што прифатив работа во Фенер. Тоа не беше на моето културно ниво, ниту на моето фудбалско ниво. Едноставно, тие не беа на мене соодветни”, изјави тој. Претседателот на турскиот тим, Али Коч, реагираше на неговата изјава.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


“Тренер од таков калибар се намалува кога зборува на тој начин. Потребно е прилагодување на позицијата. Постои изрека: ‘Само мртвите и глупаците не се менуваат’, рече претседателот на Фенербахче.

“Сите играчи од сезоната кога завршивме со 99 поени и 99 постигнати голови, бележат опаѓање. Некоја недела играчот е фантастичен, а следната не може ни во тим да влезе. Зошто е така, не знаеме. Мурињо испраќа остри пораки, но јас ќе го паметам по доброто. Сепак, тренерот со вакви изјави си одзема од квалитетот.”

Мурињо го водеше Фенер во 62 натпревари со биланс од 37 победи, 14 нерешени и 11 порази. Не освои ниеден трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…