Дома Топ вести Му се смее цела Шпанија! Ѕвездата на Атлетико го промаши автобусот (видео)

Му се смее цела Шпанија! Ѕвездата на Атлетико го промаши автобусот (видео)

Атлетико Мадрид во вторникот доживеа втор пораз од Севиља (3:1) и беше елиминиран од Купот на кралот, а после натпревот хит стана Шиме Врсаљко.

Врсаљко се занесе додека гледаше во својот телефон и успеа да го промаши својот и да влезе во автобусот на Севиља, а откако ја увиде грешката, со помош на полицаецот се упати на вистинското место и влезе во својот автобус.

Оваа ситуација веднаш стана хит на социјалните мрежи, па Врсаљко беше предмет на исмевање од целата шпанска спортска јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Со 20 фудбалерки во Грузија: Милеска ги избра силите за европските квалификации

Македонската женска селекција до 17 години ја очекуваат три квалификациски дуели во Тбилис…