Дома Моторспорт Му ги ампутираја двете нозе, а после само една година стигна до подиумот во Формула! (видео)

Му ги ампутираја двете нозе, а после само една година стигна до подиумот во Формула! (видео)

Били Монгер е млад британски возач на кого му беа ампутирани двете нозе после една несреќа во Формула 4.

Били после само една година се врати на Олтон Парк и го освои третото место во Формула 3, како 18-годишник!

Карлин дизајнираше специјално возило за ова храбро момче, а колегите од Формула 1 собраа огромна сума пари за да му помогнат на Били, да добие најмодерни протези.

Британецот во април минатата година со полна брзина удри во болид кој стоеше на патеката поради откажување на моторот. Во таа страшна несреќа, нозете му беа потполно згмечени, па мораше да му бидат ампутирани.

Били заостануваше само 4.09 секунди зад првопласираниот и го освои вторто место на својата прва трка во Формула 3, а ние му посакуваме во иднина да води со голем успех и да стигне до Формула 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…