Дома Останати Кошарка НБА Moментот кога Леброн испиша историја во НБА лигата 🎥

Moментот кога Леброн испиша историја во НБА лигата 🎥

Лос Анџелес Лејкерс беше поразен од Денвер изминатата вечер во НБА лигата со 124:114, но овој натпревар ќе го памети Леброн Џејмс бидејќи стана првиот кошаркар кој постигна 40.000 поени во најсилната кошаркарска лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Леброн му беа потребни само девет поени, па за очекување беше токму во овој натпревар да испише историја. Историскиот момент се случи во втората минута од втората четвртина. Натпреварот Леброн го заврши како најефикасен во својот тим со 26 постигнати поени.

Никола Јокиќ одново доминираше на паркетот и со 35 поени, 10 скока и седум асистенции беше лидер на Денвер.

Денвер со овој триумф остана трет на Западот со скор од 42:19, па следи Минесота со 42:18 и Оклахома со 41:18. Лејкерси се на десеттата позиција со 33 победи и 29 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…