Дома Останати Mozzart ја продолжува соработката со ФК Академија Пандев

Mozzart ја продолжува соработката со ФК Академија Пандев

Mozzart и оваа сезона ја продолжува успешната соработка со фудбалскиот прволигаш ФК Академија Пандев!

Ланскиот вицешампион со нови засилувања и победничка стратегија ја започнува новата 2022/2023 сезона, со амбиции за прво место на ПМФЛ табелата. Логото на компанијата Mozzart и оваа година ќе се најде на дресовите на ФК Академија Пандев, тим во сопственост на македонската фудбалска легенда Горан Пандев. Mozzart во изминатиот период активно го поддржува домашниот спорт преку спонзорство на различни спортски колективи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Благодарност до компанијата Mozzart која продолжува да ја поддржува Академија Пандев во развојот и амбициите на клубот. Успешната соработка минатата сезона решивме да ја продолжиме на уште две години и во нашиот ексклузивен бетинг партнер гледаме искрен поддржувач на спортот во нашата држава.“ – изјави Сашко Пандев, член на Управниот одбор и играч во тимот.

ФК Академија Пандев во своето постоење повеќе од една деценија, најпрво како фудбалска академија, а подоцна и со свој сениорски тим, успеа да постигне доста значајни резултати и на многу млади таленти да им даде можност да спортуваат, другаруваат и од најмала возраст да се научат на здрави навики за здрав живот. Куп шампиони на Македонија во сениори, првенствени и куп шампиони во млади категории, безброј освоени младински турнири во државата и надвор од неа, сениорски репрезентативци, младински репрезентативци во сите категории, домашни и меѓународни трансфери на фудбалери од сопствената академија, се само дел од досегашните успеси на ФК Академија Пандев во досегашното постоење.

Од Mozzart изјавија дека се горди што и во новата сезона продолжуваат со поддршка на овој фудбалски прволигаш ФК Академија Пандев и се надеваат на нови успеси за клубот и во наредниот период. Инаку, компанија MOZZART долги години наназад е голем помагател на спортот во повеќе држави во регионот, а меѓу нив се многубројни фудбалски, кошаркарски, ракометни и одбојкарски клубови, како и репрезентации од повеќе различни спортови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатниот Дуплантис по осми пат си го сруши сопствениот рекорд

Неверојатниот Арманд Дуплантис неколку години наназад ги поместува границите во светската …