Хуманитарната аукција е успешно завршена, за лечење на малиот Јаков одат 2.000 евра.
Mozzart се приклучи на хуманитарната аукција за помош на малиот Јаков и ја купи сликата со Македонските фудбалски репрезентативци и нивните потписи. Почетната цена на аукцијата беше 1.000 евра, а компанија Mozzart го дуплираше износот кој ќе се донира во хуманитарни цели.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На сликата ги има фудбалерите на Македонија заедно со селекторот кои беа дел од Европското првенство. Станува збор за дигитален принт на платно, векторска илустрација во рамка која е единствен примерок.
Аукцијата која траеше 24 часа преку Твитер профилот ја спроведе креаторот на сликата Бобан Алексовски, а завршена е утрово, кога понудата на компанија Mozzart е прогласена за највисока.
„На учество во аукцијата се одлучивме првенствено поради тоа што е од хуманитарен карактер, со желба да ја разбудиме општествената одговорност кај поединците, компаниите и организациите. Mozzart веќе долги години помага на многу организации и установи, онаму каде што е најмногу потребно. Се приклучивме на лицитацијата со желба не само да го зголемиме износот за малиот Јаков, туку и да ја зголемиме свеста за тоа колку е потребно сите да бидеме единствени и со заеднички сили да даваме континуирана поддршка на вакви акции.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart.
Малиот Јаков на само 2 години мораше да помине низ 2 тешки операции за два пати да му биде отстранет тумор, при што мораше да го изгуби и едниот бубрег. Јаков мора итно да замине во странство за да го продолжи своето лекување, а поради тоа потребни се повеќе финансиски средства. Вклучете се и донирајте на следнава жиро сметка: Стопанска Банка – 20000 148 174 0176 – Елена Јанакиев, IBAN – MK0720000 387 639 2077 (SWIFT Cod – STOBMK2X).