Дома Останати Mozzart го поддржа јубилејниот 30-ти турнир во мал фудбал на медиумите

Mozzart го поддржа јубилејниот 30-ти турнир во мал фудбал на медиумите

Спортско радио 90.3 ФМ оваа година го организираа јубилејниот 30-ти турнир во мал фудбал на медиумите, а компанија Mozzart како редовен поддржувач на локалните спортски случувања, придонесе кон реализација и на овој настан.

Оваа година турнирот имаше и меѓународен и хуманитарен карактер, со учество на фудбалски репрезентации на Хрватска, Србија, БиХ и Македонија во мешани состави (фудбалери + естрадни ѕвезди).


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Многу насмевки, спортски дух и забава – вака изгледаше јубилејното 30-то издание на Турнирот во мал фудбал на медиумите, кое оваа година имаше меѓународен карактер со учество на фудбалски ветерани и познати лица од екс-ју просторите како дел од репрезентациите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Голема благодарност до компанија Mozzart која како наш долгогодишен соработник и спонзор на овогодинешниот настан, придонесе за подобра организација на турнирот.“ – изјавија организаторите од Спортско радио 90.3 ФМ.

Во спортскиот дел кај медиумите, првото место го освои екипата на МРТ 1 која во финалето со 4:1 беше подобра од Спортското радио 90.3 фм. Во финалето кај репрезентациите видовме еден забавен меч со комбинирани репрезентации. Македонија со дел од популарните имиња од македонскиот фудбал кои беа дел и од репрезентацијата низ годините се сретна со еден комбиниран тим од БиХ, Хрватска и Србија и на крајот славеше со 8:2.

Компанијата Mozzart на регионално ниво е позната по инвестирањето во спортот на сите нивоа, без разлика дали се работи за поддршка на спортски клубови или спонзорство на различни спортски настани кои се организираат во државата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Погледнете ја неверојатната трка на 16-годишното момче. Коментаторот: Дами и господа, ова е историја

Австралискиот тинејџер Гут (16) трчаше 100 метри за 10,04 секунди и победи на атлетското п…