Дома Останати MOZZART заедно со маратонците на долги патеки, застана зад „November run Gevgelija 2022“

MOZZART заедно со маратонците на долги патеки, застана зад „November run Gevgelija 2022“

Регионалниот лидер во игри на среќа MOZZART секогаш застанува зад квалитетните домашни настани, а овој викенд беше заедно со „кралицата на спортовите“ – атлетиката, затоа што ја поддржа организацијата на „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2022“ – еден од најголемите и најдобро организирани атлетски натпревари во Македонија.

На настанот зад кој застана Mozzart како општествено одговорна компанија имаше вкупно две трки, на пет и десет километри, во машка и женска категорија. На нив настапија над 700 натпреварувачи од единаесет земји. Освен од Македонија, имаше и гости од Србија, Грција, Косово, Албанија, Полска, Австрија, Бугарија, Холандија, Италија и Швајцарија. Од натпреварувачите од Македонија, најголем број дојдоа од Скопје, вкупно 344, по што следуваа Гевгелија со 200, Битола со 43, Штип со 32, Струмица со 28, Кавадарци со 21, Велес со 18, Охрид со 17 и Прилеп со 16 пријавени натпреварувачи.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


„Секогаш ни претставува вистинско задоволство да ги помагаме домашните спортски настани и да го промовираме спортот. Посебно радува што сме заедно со еден од најголемите и најдобро организираните атлетски натпревари во Македонија, за што говори податокот на пријавените натпреварувачи. Се надеваме дека оваа соработка ќе трае уште долго, а ние како општествено одговорна компанија сме подготвени секогаш да застанеме зад квалитетот“, изјавија од менаџментот на Mozzart.

Победници во трката на пет километри во женска конкуренција беше Магдалена Станковска, додека кај мажите најдобар беше Астрит Криезиу од Косово. На 10 километри најуспешна кај жените беше македонската најдобра маратонка Адријана Поп Арсова која постави и нов национален рекорд во оваа дисциплина, додека кај мажите најдобро време имаше Муса Хајдари од Албанија.

„Задоволни сме како ги дочекавме сите натпреварувачи и како мина целиот овој настан кој е од големо значење за атлетиката во Македонија и за градот Гевгелија. Голема благодарност до компанијата Mozzart што застана зад организацијата на меѓународниот атлетскиот настан и помогна сѐ да биде во најдобар ред“, изјави Игор Коцевски, еден од организаторите на „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2022“.

Mozzart како одговорна компанија и поддржувач на домашниот спорт не е само дел од овој атлетски митинг, туку застана зад повеќе локални спортски турнири, секој месец се делат дресови преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ кои ги добија преку сто клубови, а исто така е поддржувач и на бројни спортски колективи во Македонија, но и пошироко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ тренира на трева – ќе игра на Вимблдон!?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на Олимписките игри во Париз, но се надева дека ќе …