Компанијата Mozzart продолжува со својата регионална акција за поддршка на спортот и локалните спортски клубови. Во рамки на кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ компанијата обезбеди комплетна спортска опрема за македонскиот ракометен суперлигаш ЖРК Шампион.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Речиси да не постои област во државата каде Mozzart-овиот хуманитарен караван не ја посетил и поделил опрема на локалните клубови. Повеќе од 100 спортски колективи добија опрема од компанијата, а последниот кој застана во редот е клубот од Скопје кој игра во најквалитетното ракометно друштво и има четири победи по девет кола.
„Донирањето на опрема многу им значи на нашите девојки, ова им е дополнителен ветер во грб пред продолжението на борбата за подобри резултати во Суперлигата. Драго ни е што Mozzart ја препозна добрата работа во нашиот клуб и одлучи да не поддржи, а ние како колектив ветуваме дека ќе се обидеме да постигнеме уште подобри резултати во следните натпревари од шампионатот“, велат од таборот на ЖРК Шампион.
И покрај фактот што опремени се преку 100 клубови, акцијата на Mozzart тука нема да застане. Опремата ќе пристигнува секој месец на адресите на фудбалски, кошаркарски, ракометни и други екипи од цела Македонија, што ќе им биде своевидно еден мотив да се стремат кон повисоки пласмани и резултати во натпреварувањата.
Оваа акција не е новост, туку одамна е позната во регионот, каде повеќе од 6.500 спортисти добија нови дресови од компанијата Mozzart.
