Дома Македонски спорт Мак ракомет Mozzart главен покровител на изборот на ракометниот ALL-STAR тим во Македонија за сезоната 2022/2023

Mozzart главен покровител на изборот на ракометниот ALL-STAR тим во Македонија за сезоната 2022/2023


Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓


По завршувањето на сезоната во машката ракометна Супер лига во Македонија, единствениот македонски специјализиран спортски портал за ракомет, www.24rakomet.mk на свечена манифестација во Скопје го прогласи најдобриот тим на сезоната (Аll – STAR тимот), а официјален поддржувач на изборот годинава беше регионалниот лидер во приредување игри на среќа, компанијата Mozzart.

И претходните години, 24ракомет и Mozzart заеднички реализираа неколку проекти поврзани со ракометот, а овојпат компанијата се јавува и како главен покровител на изборот на ALL-STAR тимот во Македонија за сезоната 2022/2023.

Најдобрите во секоја категорија добија статуетка во форма на звезда што го симболизира нивниот придонесе сезонава, како и тоа дека тие се една од звездите што ја одбележа оваа 2022/2023 сезона.

„ Изборот и самата манифестација на доделување на статуетките на најдобрите во сезоната 2022/2023 е исполнување на нашата заложба да го валоризираме трудот што го вложуваат спортистите во текот на сезоната, и овие звезди што ги добиваат да бидат мотив и во иднина да го даваат својот максимум. Голема благодарност за Mozzart што е наш партнер и заеднички ја  организиравме оваа свеченост која се надевам во иднина ќе биде традиција”, изјави Горан Антевски, претставникот на 24ракомет.

All – Star тимот за сезоната 2022/2023 го сочинуваат: голман – Урбан Лесјак (Еурофарм Пелистер),лево крило – Дејан Манасков (Вардар 1961),лев бек – Филип Талески (Вардар 1961),среден бек – Страхиња Симиќ (Тиквеш),десен бек – Мартин Серафимов (Алкалоид),
десно крило – Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), пикер – Владимир Бојаниќ (Охрид), тренер –  Александар Јовиќ (Еурофарм Пелистер), дефанзивец – Томче Стојановски (Бутел), млад играч – Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер)

Кога станува збор за спортот и спортските настани во Македонија, Mozzart е секогаш тука истите да ги помогне и поддржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Taжна вест: Почина поранешниот познат судија и делегат

Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓ Денес македон…