Дома Фудбал Италија Мончи не мирува: Рома веќе договори големо засилување за јануари!?

Мончи не мирува: Рома веќе договори големо засилување за јануари!?

Спортскиот директор на Рома, Мончи очигледно веќе работи на засилувања кои овој клуб ќе се обиде да ги донесе во јануарскиот преоден рок.

Волчицата ова лето беше доста активна на трансфер пазарот, но во првите натпревари од новата сезона стана јасно дека на новите играчи ќе им биде потребно време за адаптација. Сепак, Мончи порача дека преку ноќ не може ништо да се оствари и дека Рома има планови за иднината.

Според пишувањата на италијанските медиуми Рома веќе преговара со можните засилувања за јануари, а наводно главна желба е играчот на Реал Мадрид, Лукас Васкез. Наводно, Мончи веќе стапил во контакт со челниците на Кралевите и јасно им дал до знаење дека сака да го купи Лукас.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…