Дома Фудбал Лига на шампиони „Моментот кога ми аплаудираше цел Олд Трафорд засекогаш ќе го паметам“

„Моментот кога ми аплаудираше цел Олд Трафорд засекогаш ќе го паметам“

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо во својата кариера одигра многу фанастични натпревари во ЛШ, но за него еден натпревар е посебен.

Роналдо веројатно е најдобриот играч кој не успеал да ја освои ЛШ, но затоа ова натпреварување даде неколку блескави натпревари. Во разговор за Скај Спорт легендарниот бразилец одлучи да избере кој натпревар за него е најдраг, а може да се каже дека на крајот изборот беше очекуван.

„Тоа беше натпреварот против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Неверојатна ноќ во која постигнав три погодоци. Најубавиот момент се случи кога излегував од игра и цел стадион ми аплаудираше. Сите станаа и никогаш не очекував дека тоа ќе го доживеа на ривалски стадион. Тоа беше магичен момент и еден од најважните во мојата кариера. Фудбалот ми е се. Кога сега погледнам назад можам да бидам горд на она што го остварив во кариерата.“ – изјави популарниот Ел Феномено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сити има седум од седум, но Вила знае како да го запре лидерот

Манчестер сити гостува кај Астон вила со максимален учинок во Премиер лигата, но тимот на …