Тренерот на Севиља Винчецо Монтела беше прилично духовит на денешната конференција пред утрешниот натпревар од 1/8 финалето помеѓу Севиља и Манчестер Јунајтед.
Монтела со Севиља ќе се обиде да направи изненадување и да го елиминира Манчестер Јунајтед, а еден од главните фудбалери на „ѓаволите“ ќе биде новото засилување Алексис Санчез.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Милан на конференцијата зборуваше токму за Чилеанецот.
„Хм, можеби да го убиеме или срушиме на тревникот, така нешто? Добро се сеќавам на Санчез уште од времето кога настапуваше во Италија. Навистина е одличен играч кој знае да пронајде празен простор и да направи соло продор“, изјави Монтела.
Пол Побга е под знак прашалник, но според последните информации Французинот ќе го видиме на теренот.
„Тој е комплетен игра, голгетер и добар техничар. Пред Нејмар беше најскап во историјата. Се надевам дека нема да игра“.
„Возбуден сум пред утрешниот натпревар. Мораме да бидеме спремни, физички и психички. Тоа ќе биде одличен натпревар“, заврши Севиља.