Лос Анџелес Лејкерс беше поразен од Денвер изминатата вечер во НБА лигата со 124:114, но овој натпревар ќе го памети Леброн Џејмс бидејќи стана првиот кошаркар кој постигна 40.000 поени во најсилната кошаркарска лига.
На Леброн му беа потребни само девет поени, па за очекување беше токму во овој натпревар да испише историја. Историскиот момент се случи во втората минута од втората четвртина. Натпреварот Леброн го заврши како најефикасен во својот тим со 26 постигнати поени.
LeBron James scores the bucket to become the first player in league history to score 40,000 career points 👑
— NBA (@NBA) March 3, 2024
DEN-LAL Live on ABC pic.twitter.com/I84Xd5hiWf
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Никола Јокиќ одново доминираше на паркетот и со 35 поени, 10 скока и седум асистенции беше лидер на Денвер.
Денвер со овој триумф остана трет на Западот со скор од 42:19, па следи Минесота со 42:18 и Оклахома со 41:18. Лејкерси се на десеттата позиција со 33 победи и 29 порази.