Дома Фудбал Младата ѕвезда на Баерн се повреди, учеството на Мундијалот е под знак прашање

Младата ѕвезда на Баерн се повреди, учеството на Мундијалот е под знак прашање

Германскиот тинејџер Ленарт Карл заработи повреда за време на денешниот тренинг и му претстои преглед во болница, соопшти шефот на стручниот тим на репрезентацијата Јулијан Нагелсман, додека неговиот тим се подготвува за последната контрола против САД пред Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


18-годишниот офанзивен играч за врска се најде меѓу избраниците на Нагелсман поради неговиот подем оваа сезона со тимот на Баерн Минхен, но сега неговото учество на Светскиот куп 2026 е под знак прашање.

„Лени се повреди денес. Треба да видиме што е точно. Не изгледа најдобро“, изјави Нагелсман на прес-конференција пред пријателскиот натпревар со еден од земјите домаќини на Светското првенство.

„Ќе одиме во болницата за да направиме скенер. Не почнувајте да го следите, оставете го да биде на мир. Тој треба да се справи со ситуацијата. Прво ни треба дијагноза и ќе ве информираме дали можеме да продолжиме со него или ќе повикаме некој друг“, додаде селекторот на Бундестимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …