Дома Фудбал Миовски се враќа во Шкотска – потпиша договор со Ренџерс

Миовски се враќа во Шкотска – потпиша договор со Ренџерс

Шкотскиот фудбалски великан Глазгов Ренџерс официјално објави дека постигнал договор со македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски, кој потпиша четиригодишен договор и ќе стане дел од еден од најтрофејните клубови на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По една неуспешна сезона во редовите на Жирона во шпанската Ла Лига, каде што не доби доволно простор да го покаже својот потенцијал, Миовски повторно се враќа во Шкотска – земја каде што претходно остави силен белег настапувајќи за Абердин.

Во дресот на Абердин, македонскиот голгетер играше од 2022 до 2024 година, при што постигна дури 44 погодоци и стекна статус на еден од најопасните напаѓачи во шкотското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез: Не сакам односи со Барселона која две децении ги плаќа судиите

Тензиите меѓу Реал Мадрид и Барселона повторно се разгореа по завршувањето на сезоната во …