Фудбалската репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Вадуц и на одличен начин го отвори настапот во квалификациите за Светското првенство, славејќи убедливо над Лихтенштајн со резултат 0-3.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Конечниот резултат го постави Бојан Миовски, откако мајсторски ја искористи фантастичната асистенција со надворешен ефе на младиот бек Бојан Илиевски. Токму оваа комбинација и голот на напаѓачот на Жирона привлекоа внимание и беа издвоени меѓу најубавите погодоци во првото коло од квалификациите.
За неа може да гласате ТУКА.