Македонската фудбалска репрезентација со убедлива победа од 3-0 на гостински терен против Лихтенштајн го отвори настапот во првото коло од квалификациите за Светското првенство. Нашите репрезентативци доминираа на теренот во Вадуц, а посебно внимание привлече третиот погодок на натпреварот, дело на Бојан Миовски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Голот на Миовски, кој дојде по мајсторска асистенција од Бојан Илиевски, не само што ја запечати победата за Македонија, туку беше и признат како еден од најубавите голови во ова коло, освојувајќи го второто место во изборот за најатрактивен погодок.