
Црвена Звезда вечерва во Скопје го победи Вардар со 1-3, а по натпреварот пред медиумите зборуваше тренерот на „црвено-белите“, Владан Милојевиќ.
Милојевиќ изрази благодарност што Звезда прифатила да се одигра еден ваков натпревар.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Сите знаете зошто игравме денеска. Сакам да изразам сочувство на настраданите во трагедијата и да посакам такво нешто никогаш да не се случи никогаш повеќе. Сакам да се заблагодарам на нашиот клуб што на иницијатива на легендите Панчев и Најдоски прифати да се одигра еден ваков натпревар. Звезда денеска гостуваше тука по 30 години на овој стадион кој го носи името на можеби мојот омилен пејач Тоше Проески. Сакам да ги поздравам и навиваите на Вардар кои цел натпревар навиваа за својот клуб и направија една фантастична атмосфера. Иако резултатот беше во втор план и овој натпревар го гледавме како можност за подготовка за она што ни следи, а тоа е Купот на Србија. Се надевам дека некој нареден пат ќе дојдеме тука повторно и ќе одиграме натпревар по некој друг повод“, изјави Милојевиќ.
Фото: ФК Црвена Звезда