Дома Фудбал Милевски: Ова реми нема да ни значи ништо доколку не победиме против Казахстан

Милевски: Ова реми нема да ни значи ништо доколку не победиме против Казахстан

Македонската фудбалска А репрезентација во Скопје ремизираше 1:1 против Белгија во квалификациите за Светското првенство 2026.

– Им честитам на моите фудбалери за настапот против Белгија. Покажавме дека можеме да играме против најдобрите. Задоволство беше да се гледа како Македонија изгледаше против Белгија која е фаворит во нашата група.

Упатувам благодарност до сите навивачи кои ни ја дадоа поддршката. Секогаш тимската игра е важна, и ако вака функционираме, ќе изгледаме добро на теренот. Ова реми да ни значи ништо доколку не направи добар резултат против Казахстан.

Голот на Алиоски беше феноменален, а сега се фокусираме на Казахстан на чиј меч нема да сметаме на Алими и Димоски поради повреди – рече Милевски по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го договори вториот голман

Јувентус постигна целосен договор со Волфсбург за трансферот на Камил Грабара. Според Флор…