Дома Фудбал Милан скапо ја плати победата над Ц. Звезда – се повредија двајца фудбалери!

Милан скапо ја плати победата над Ц. Звезда – се повредија двајца фудбалери!

На Милан му се повредија двајца фудбалери во натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите против Црвена звезда, и тоа шпанскиот напаѓач Алваро Мората и англискиот играч од средниот ред Рубен Лофтус-Чик.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двајцата го напуштија натпреварот во 29. минута, а Милан на крајот славеше против српскиот првак со 2:1, што беше четвртата победа во низа за италијанскиот тим во Лигата на шампионите.

Двајцата имаа лекарски прегледи кои потврдија повреда на адукторот кај Мората и проблеми со тетивата на коленото кај Лофтус-Чик.

Италијанските медиуми објавија дека двајцата веројатно ќе ги пропуштат преостанатите натпревари во 2024 година, а Лофтус-Чик сигурно ќе отсуствува подолго од терените и неговата состојба ќе се процени за околу десет дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона би можела да се кае поради Рашфорд

Маркус Рашфорд беше еден од првите фудбалери кои влегоа во конфликт со Рубен Аморим кога п…