Дома Фудбал Милан почна преговори со Влаховиќ

Милан почна преговори со Влаховиќ

Милан не се откажува од идејата да го доведе Душан Влаховиќ на „Сан Сиро“ бидејќи напаѓачот е најголема желба на тренерот Макс Алегри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор Таре почнал преговори со агентите на Влаховиќ.

„Газета дело Спорт” пишува дека Милан подготвил понуда за која верува дека ќе биде доволна за Влаховиќ да потпише, иако условите не се ни блиску до оние кои Србин ги има во Јувентус.

Милан му нуди на Влаховиќ 6.000.000 евра по сезона, што е двојно помала годишна плата од сумата која би ја заработил во претстојната сезона како член на Јувентус.

Јувентус од друга страна бара обесштетување од 20 милиони евра, Милан ќе проба да ја намали таа сума, бидејќи се работи за играч во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шоу над Мадеира: Родниот град на Роналдо на спектакуларен начин му кажа благодарам

Иако Светското првенство не му донесе големи емоции на крајот, Мадеира реализираше нешто н…