Дома Фудбал Милан го продава Рафаел Леао за 100.000.000 евра!

Милан го продава Рафаел Леао за 100.000.000 евра!

Шпанската новинска куќа „Fichajes“ извести дека Челзи во претстојниот летен трансфер период ќе се обиде да го донесе крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лондонскиот клуб наводно е спремен да потроши 100 милиони евра за да го доведе португалскиот репрезентативец на Стамфорд Бриџ. Огромна сума е тоа, но „Сините“ имаат финансиски средства и нема да жалаат пари.

Енцо Мареска сака да ја зајакне својата напаѓачка линија во летниот трансфер период, бидејќи оваа сезона значително зависат од Николас Џексон и Кол Палмер.

Затоа, тие сакаат да потпишат квалитетен крилен играч, а Леао е најдобриот можен избор. Меѓутоа, Челзи мора да заврши меѓу првите четири на крајот од сезоната и да се квалификува за Лигата на шампионите следната сезона.

Леао ќе сака да игра за клуб што се натпреварува во Лигата на шампионите и тоа дефинитивно ќе влијае на неговиот трансфер во Западен Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси го продава Жоао Педро за да купи фудбалер од светска класа

Се шпекулира дека Жоао Педро може да биде продаден од Челси, исто така и поради пропуштање…