Дома Фудбал Милан го „блиндира“ Рејндерс со нов договор

Милан го „блиндира“ Рејндерс со нов договор

Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тижани Рејндерс.

Рејндерс игра фантастично во дресот на Милан и се промовираше во лидер на холандската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и почна преговори за продолжување на соработката. „Росонерите“ му понудиле и значително зголемување на платата.

Рејндерс е среќен во Милано и двете страни се блиску до договор, пренесуваат италијанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…