Дома Фудбал Mилан донел одлука: Сака да го задржи Феликс, познато и на кој начин

Mилан донел одлука: Сака да го задржи Феликс, познато и на кој начин

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс (25) одигра само два натпревари за Милан, а тоа беше доволно за раководството на Росонерите да одлучи да го задржи и по истекот на позајмицата на крајот од оваа сезона, пишуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Феликс пристигна на позајмица во Милан од лондонскиот Челси во трансфер кој беше реализиран во последните часови од неодамна завршениот зимски преоден рок.

Веќе на првиот настап во среда, Португалецот се запиша во стрелците кога погоди во четвртфиналето на италијанскиот Куп против Рома (3:1).

Миланскиот клуб му плати на Челси 5,5 милиони евра за позајмица до крајот на оваа сезона.

Сега би сакал да ја продолжи позајмицата и за следната сезона, а во италијанските медиуми наведуваат дека тоа ќе ги чини најмалку 8 милиони евра.

Да потсетиме, на Феликс договорот со Челси му важи дури до јуни 2031 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреља е човек од збор, ќе си го исполни лудото ветување!

Шпанија стигна до светската титула, а меѓу најзаслужните за големиот успех беше Марк Кукур…