Дома Фудбал Италија Милан промовира ретро дрес по повод 125-от роденден📷

Милан промовира ретро дрес по повод 125-от роденден📷

Милан претстави ретро дрес на официјалната веб-страница во чест на 125-годишнината на клубот.

Дизајнот кој го промовираа „росонерите“ е „враќање“ на почетоците на клубот и на дресот се одземени деталите, оставени се само старото лого и логото на „Пума“.

Ќе бидат произведени вкупно 1.899 парчиња во ретро стил, секое со единствен сериски број и ексклузивно пакување.

Милано е основан на 16 декември 1899 година. Во текот на својата историја, клубот стана еден од најтрофејните во Европа, 19-кратен шампион на Италија и 7 титули во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вествуд: Ќе бидам среќен само со трофеј за Шарлот

Ешли Вествуд е решен да освои трофеј со Шарлот ФК, иако тимот има добри шанси за успех ова…