Дома Останати Авто Мото Мик Шумахер е шампион во Формула 2!

Мик Шумахер е шампион во Формула 2!

Мик Шумахер е шампион во Формула 2. Младиот Германец ја освои титулата во својата последна сезона во шампионатот.

Шумахер во Формула 1 ќе стигне како шампион, откако ја освои титулата по драматична трка во Бахреин.

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, во трката за Големата награда на Шахир заврши на 18-та позиција, откако направи грешка, па мораше да ги замени гумите.

Од следната сезона Шумахер јуниор ќе учествува во Формула 1 како дел од тимот на Хас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Херта не сака уште една сезона во Ф2, но за Инди 500 нема дилема

Иднината на Колтон Херта за 2027 година останува отворена. Американецот не планира нова се…