Дома Останати Тенис Meдведев се поблиску до врвот на Ѓоковиќ на АТП листата

Meдведев се поблиску до врвот на Ѓоковиќ на АТП листата

Новак Ѓоковиќ и понатаму е лидер на АТП листата и ја започна 361-та седмица како лидер.

Сепак предноста на Србинот е значително помала откако се избришаа 2.000 поени од минатогодишниот Австралија Опен. Во овој момент Ѓоковиќ е на 8.875 поени, додека Медведев е втор со 8.435 и ова е разлика која е достижна.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


И двајцата ќе настапуваат на турнирите во Дубаи и Акапулко и тоа ќе биде шанса за Медведев дополнително да се доближи или пак дури и да го симне Новак од тронот во зависност од резултатите.

На третата позиција и понатаму е Александар Зверев со 7.515 поени, четврти е Стефанос Циципас со 6.565, петти Надал со 6.515.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Алкараз донел конечна одлука за Ролан Гарос

Беше под знак прашалник, но Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос во Пари…