Дома Топ вести Местенка или не, ова е насрамниот пенал во историјата 🎥

Местенка или не, ова е насрамниот пенал во историјата 🎥

Во финалето на Огуна купот во Нигерија се случи ситуација која крена голема прашина и која е за рубриката „верувале или не“.

Натпреварот меѓу локалните Ремо Старс и Иџебу Јунајтед на крајот беше решен со пенали, а серијата заврши 3:0 откако неколку удари од 11 метри беа изведени на комичен начин.

Најпрво при изведувањето на пеналот на тимот на Иџебу Јунајтед, голманот воопшто не се мрдна и само гледаше како противничкиот играч ја испраќа топката во мрежата.

Подоцна играчот на Ремо Старс со број „12“ изведе пенал за неверување, наместо кон голот шутираше кон корнер знаменцето.

Локалните новинари со неверување ја проследија ситуацијата и изразија сомнеж дека натпреварот е наместен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кејн блесна против Арсенал, но жали: Имавме шанси да го решиме мечот

Гол и асистенција на Хари Кејн не беа доволни за победа на Баерн. Деклан Рајс во 82. минут…