Дома Фудбал Меси блескаше во победата на Аргентина. Погледнете го голот и асистенцијата

Меси блескаше во победата на Аргентина. Погледнете го голот и асистенцијата

СВЕТСКИТЕ прваци Аргентина стигнаа до победа од 2:0 против Ангола, со што ја заокружија својата кампања за 2025 година. На пријателскиот натпревар во Луанде, за триумфот се погрижија Лаутаро Мартинез и Лионел Меси.

Се шпекулира дека Ангола платила дури 12 милиони долари за да ја угости ѕвездената екипа по повод 50-годишнината од независноста на оваа африканска земја од Португалија, според AP.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На трибините имаше повеќе од 50.000 гледачи, а Меси беше испратен со овации во последните минути од натпреварот.

Неговата асистенција и гол можете да ги видите ОВДЕ и ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ го убеди еден од најдобрите да дојде во Милан: „Стар пријателе, те чекам!“

Веќе во првите месеци во дресот на Росонерите стана јасно дека Милан не доби само уште еде…