Дома Моторспорт Мерцедес ја освои шестата последователна титула во Формула 1

Мерцедес ја освои шестата последователна титула во Формула 1

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас триумфираше денеска во трката за Големата награда на Јапонија, а со тоа му ја донесе на својот тим шестата титула кај конструкторите.

Финецот имаше одлично темпо, ривалите не можеа да го следат, па тој рутински стигна до победа на ГН на Јапонија и ја запиша шестата победа во кариерата, трета оваа сезона, а прва на патеката „Сузука“. Фетел и Хамилтон заостануваа +11.376 и +11.786.

Луис Хамилтон со 338 бода води во пласманот, пред неговиот тимски колега Ботас со 274 и  Леклер со 223.

Иако битката ќе продолжи со следната трка во Мексико на 27 октомври, само Хамилтон или Ботас можат да бидат прогласени за шампиони во Формула 1, бидејќи сите други возачи се математички надвор од трката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Пониква се подготвува за зимата: Пристигна лента за првите скијачки чекори

Новата скијачка лента треба да биде пуштена во употреба претстојната зима. Во тек е уредув…