
Иако е 38-годишник, 15 години постар од својот денешен ривал – Новак Ѓоковиќ е поблиску до победа во полуфиналето, колку што борбата ќе биде подолга. Ова, на прв поглед нелогично тврдење, го даде Џон Мекинро на ТВ ТНТ спорт.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
– Верувале или не, јас мислам дека Новак ќе има поголеми шанси против Јаник Синер ако мечот оди во пет сета – кажа легендарниот Американец. – Иако Ѓоковиќ е постар, мислам дека на Синер ќе му биде штетно што не играл многу во последно време – се потсети тој на тримесечната суспензија на италијанскиот ас.
Синер ја издржа казната поради два позитивни допинг теста и на теренот се врати во Рим пред околу еден месец. Ролан Гарос му е второто натпреварување после оваа пауза.
Фото: Grok AI