Рускиот тенисер Данил Медведев ќе мора да плати казна од 76.000 долари поради недоличното однесување на Отвореното првенство на Австралија, каде што уништи една камера и ја прескокна попладневната прес-конференција. За време на мечот против тајландскиот тенисер Касидит Самреја (АТП-418.), петтиот светски тенисер ја оштети камерата на мрежата удирајќи ја со својот рекет повеќе пати.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во четвртокот, Медведев ја прескокна прес-конференцијата по неочекуваниот пораз од Американецот Лернер Тиен (АТП-121.), во меч кој заврши во три часот по полноќ. Во текот на мечот, Медведев го фрли рекетот на рекламниот пано и се расправаше со судијата.
Пред овогодишното издание на Отвореното првенство на Австралија, каде беше елиминиран во второто коло, Медведев играше трипати во финалето на овој прв Гренд слем турнир од сезоната (2021, 2022, 2024).