Дома Фудбал Mбape започна „војна“ – сака да му се одмазди на ПСЖ!

Mбape започна „војна“ – сака да му се одмазди на ПСЖ!

Правниот тим на Килијан Мбапе започна акција за да се обиде да го реши спорот помеѓу играчот и Пари Сен Жермен.

Францускиот напаѓач тврди дека ПСЖ му должи 55 милиони евра, а неговите адвокати истакнуваат дека од судот во Париз побарале да започне постапка.

Овој спор трае повеќе од една година, а Делфин Верхејден, една од адвокатките, истакнува дека е побарано од францускиот министер за спорт да интервенира и правно оспори одлуката на жалбената комисија на Фудбалската федерација на Франција, која одлучи дека жалбата на Мбапе е неприфатлива.

Верхејден додава дека ако се утврди дека ПСЖ е виновен, би можел да ја изгуби лиценцата за играње во Лигата на шампионите.

Минатиот октомври, комисијата за жалби на Француската лига ја потврди одлуката со која ПСЖ беше наложено да ја исплати неисплатената плата на Мбапе.

Мбапе тврди дека клубот му должи три месечни плати и последната третина од бонусот за лојалност.

Фото: Real Madrid/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како Сити и Тотенхем го изиграа Ајнтрахт и го оставија без ниту еден цент!

Египетскиот фудбалер Омар Мармуш наскоро ќе се приклучи на Тотенхем од Манчестер Сити, а о…