Дома Фудбал Мбапе откри како излегол од состојбата во која „го допре дното“

Мбапе откри како излегол од состојбата во која „го допре дното“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе разговараше со новинарите во пресрет на натпреварот на шпанскиот тим против Салцбург во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Почетокот на неговата кариера во Реал Мадрид не беше баш најсветлиот, па Мбапе објасни што се случило:

„Мислам дека тоа беше ментален проблем, но во одреден момент сфатив дека морам да работам повеќе. Премногу размислував што да правам. Дали да одам во делот од теренот на Винисиус или кај Родриго… А кога премногу размислувате, не можете да играте“, изјави Мбапе.

Тој објасни како се ослободил од „менталното дно“:

Физички бев добро, бев дел од групата, но знаев дека морам да направам повеќе“. Тоа беше и моментот кога работите се сменија. Не можеше да биде полошо, кога го допрев дното, можев само да одам напред“, изјави Французинот.

Вечерва од 21 часот се среќаваат Реал и Салцбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не сака да го пушти Модиќ: Аморим му го претстави планот за игра и списокот на играчи за новата сезона

Газдата на Милан Џери Кардинале сака Лука Модриќ и следната сезона да биде лице на неговио…