Дома Фудбал Мбапе јавно го повикува соиграчот да дојде во Мадрид?

Мбапе јавно го повикува соиграчот да дојде во Мадрид?

Килијан Мбапе денес говореше на прес-конференција пред утрешниот дуел меѓу Франција и Украина, а при таа прилика јавно го пофали и соиграчот, Дајо Упамекано.

Упамекано е на радарот на Пари Сен Жермен, а се спомнува и Реал Мадрид, и токму затоа Мбапе „индиректно“ го повика да направи следен чекор во својата кариера. На констатација на новинарот дека Упамекано е еден од најдобрите стопери во светот и дали како таков му е потребен на Реал Мадрид, Мбапе одговори со насмевка.

“Тој е полн со самодоверба и на пат е да стане еден од најдобрите оваа сезона. Во прашање е еден од тие доминантни дефанзивци кои се способни да играат висок пресинг, а таквите денес се многу важни. Покрај тоа, способен е физички да се спротистави на напаѓачите и да ги добива дуелите и тактички е феноменален. Играч е на големиот клуб Баерн Минхен и нема многу подобри, но има и подобри”, кажа со насмевка мистериозниот Мбапе и продолжи:

“Не сакам повеќе да зборувам од почит кон неговиот клуб и кон Упамекано, но кога зборуваме за играч од таков калибар, логично е дека ќе го посакува секој клуб во Европа”, истакна Мбапе.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…