Матис Тел е фудбалер кој по доаѓањето на Хари Кејн во Бајерн Минхен се најде во втор план.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак, треба да се има предвид дека тој е млад играч од само 19 години, но и покрај тоа, тој сака да има повеќе време на теренот и смета дека би било најдобро за него да го напушти клубот.
Според Фабрицио Романо, Баерн и фудбалерот ги разгледуваат понудите за него, трката е отворена и најверојатно заминувањето ќе се случи до крајот на јануари.
Челси се распрашуваше за Тел уште на почетокот на јануари, но тие не се единствениот клуб заинтересиран за неговите услуги. Се почесто се спомнува Марсеј, како и Ајнтрахт.
Оваа сезона само 396 минути за Тел, без постигнат гол.