Дома Фудбал Матис Тел го напушта Баерн – следна дестинација ќе биде Премиерлигата?

Матис Тел го напушта Баерн – следна дестинација ќе биде Премиерлигата?

Матис Тел е фудбалер кој по доаѓањето на Хари Кејн во Бајерн Минхен се најде во втор план. 

Сепак, треба да се има предвид дека тој е млад играч од само 19 години, но и покрај тоа, тој сака да има повеќе време на теренот и смета дека би било најдобро за него да го напушти клубот. 

Според Фабрицио Романо, Баерн и фудбалерот ги разгледуваат понудите за него, трката е отворена и најверојатно заминувањето ќе се случи до крајот на јануари. 

Челси се распрашуваше за Тел уште на почетокот на јануари, но тие не се единствениот клуб заинтересиран за неговите услуги. Се почесто се спомнува Марсеј, како и Ајнтрахт. 

Оваа сезона само 396 минути за Тел, без постигнат гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вест Хем го врати Паркер: Специјалист за промоции седнува на клупата

Скот Паркер потпиша договор на две и пол години и го наследи Нуно Еспирито Санто. Вест Хем…