Дома Фудбал Maтео Ковачиќ може да се врати во Мадрид!

Maтео Ковачиќ може да се врати во Мадрид!

Според различни извори, Атлетико Мадрид е заинтересиран за ангажирање на хрватскиот играч од средниот ред Матео Ковачиќ од Манчестер Сити во следниот летен преоден рок.

Сити наводно е спремен да разгледа понуди за 30-годишниот Ковачиќ со отштета од околу 30 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ковачиќ игра за тимот на Пеп Гвардиола од летото 2023, а договорот му истекува во 2027 година.

Сепак, англискиот клуб е подготвен за промени во екипата, па затоа се „отвара“ можноста за негова продажба.

Ковачиќ играше за Реал Мадрид, градскиот ривал на Атлетико, од 2015 до 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико ја нокаутира Барса на болен начин и е во полуфинале

Атлетико Мадрид стигна до полуфиналето во Лигата на шампиони по исклучително драматичен ре…