Дома Фудбал Марота проговори за обновување на договорот на Симоне Инзаги

Марота проговори за обновување на договорот на Симоне Инзаги

Претседателот на Интер, Бепе Марота, е уверен дека постојат сите предуслови за да се обнови договорот на тренерот Симоне Инзаги.

“Обновување? Постојат сите предуслови да продолжиме да работиме заедно. Со Симоне сите се развивме, а значајна е и синергијата што се создаде меѓу него и клубот. Поминуваме низ циклус кој сè уште не е завршен. Има ново сопствеништво, нови цели, има проект за нов стадион. Сигурно ова е убав момент, но треба да бидеме реалисти. Имаме уште два месеци до крајот на сезоната, потоа следува Светското клупско првенство. Тренерот се однесува на извонреден начин”, коментира Марота за Sky Sports.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Претседателот беше прашан и дали тимот може да освои тројна круна. “Не зборувам за тоа, но сите треба да бидеме амбициозни. Сме професионалци и сме навикнати да се бориме до крај. Ако има подобри од нас, ќе ги заслужат нашите комплименти”, додаде Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го продава најдобриот фудбалер, веќе пристигна и првата понуда од С. Арабија

Пред неколку дена, фудбалската јавност беше изненадена од веста дека во Барселона размислу…