Дома Фудбал Марота доби „зелено светло“ и тргна во напад: Интер ќе биде на „шпански погон“

Марота доби „зелено светло“ и тргна во напад: Интер ќе биде на „шпански погон“

Интер со сета сила тргна кон Сеск Фабрегас, а и Шпанецот е заинтересиран да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми открија утрово дека Интер го одредил Фабрегас како прва цел, Бепе Марота активно работи на неговото доаѓање, останува да се договори за детали со Комо.

Но, со Фабрегас може да дојде и уште еден одличен играч, станува збор за Нико Паз. Младиот Шпанец блесна оваа сезона токму под водство на Фабрегас, за што дури и Реал Мадрид разгледува можност да го активира откупот и да го врати за само осум милиони евра.

Не е невозможно Реал потоа повторно да го продаде Паз на Интер, но тоа е сеуште долгорочно планирање.

Познато е дека тој е голема желба на Фабрегас и Марота, а јасно е дека на Интер му недостига свежина во средниот ред.

Марота првенствено сака да го доведе Фабрегас и тоа до петок, за Шпанецот веднаш да може да го води тимот на претстојното СП за клубови кое се одржува од 14 јуни до 13 јули во САД.

Тоа што е сигурно е дека Интер со Фабрегас ќе изгледа сосема поинаку, бидејќи Шпанецот сака топката да биде во неговите нозе, како ученик на Барсината „Ла Масија“, но и како ученик на професорот Арсен Венгер. Исто така, извесно е дека Фабрегас би ја променил формацијата со тројца стопери во одбраната, што значи и коренити промени, бидејќи формацијата 3-5-2 ја играа и Инзаги и претходно Антонио Конте.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е најлудата трка за титула во Европа: На врвот е клуб кој не бил шампион 61 година!

Со само три кола до крајот, водечката четворка се наоѓа во рамките на три поени, што ветув…