Дома Фудбал Марио Балотели има нов клуб

Марио Балотели има нов клуб

Марио Балотели, некогаш едно од најпознатите имиња на европските терени, ја продолжува кариерата далеку од очите на најголемата јавност – во Обединетите Арапски Емирати.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што објави секогаш доверливиот Фабрицио Романо, 36-годишниот Италијанец потпиша договор со второлигашот Ал-Итифак како слободен играч и така започна нова авантура на Блискиот Исток.

Балотели беше без клуб од минатото лето, кога го раскина договорот со Џенова по уште една разочарувачка епизода во неговата кариера. Во сезоната 2024/25 забележа само шест настапи, без постигнат гол или асистенција.

Во своите најдобри денови го носеше дресот на Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул, и беше еден од најталентираните напаѓачи на својата генерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси ги исплаши сите, следните денови ќе бидат одлучувачки

Една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, Лионел Меси, ги исплаши сите, откако приси…