
Енди Мареј призна дека очекувањата од соработката со Новак Ѓоковиќ беа преголеми.
„Поминавме неколку многу убави моменти надвор од теренот, но резултатите не беа такви какви што сакавме, иако се потрудивме“, пренесува Би-Би-Си неговите зборови.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Единствениот двократен олимписки шампион во историјата на тенисот, вчера беше гостин на Квинс клубот во Лондон каде што беше промовиран Централниот терен со неговото име. Од оваа година, по пауза од пола век, Квинс е домаќин и на женски турнир, а токму неговото отворање беше искористено за оваа церемонија. Мареј е рекордер на Квинс со пет титули.
Фото: Принтскрин